fbpx
Вести

Субвенции за замена на житни култури со нови насади

pcenica

Земјоделците што ќе решат да ги заменат житните култури со по профитабилни насади насади, ќе имаат право на дополнителни субвенции. За оваа намена ќе се добива 30 проценти поголема поддршка за период од пет години.

Дополнителни субвенции ќе можат да добиваат земјоделците кои имаат производство на жита и кои сакаат да јо променат културата во градинарство на отворено, во пластеници и во овоштарници и лозја.

Право на овие пари имаат земјоделските стопанства кои освен пченица или друг вид на житна одгледуваат и градинарски, овошни и лозови насади.

Вкупната површина по стопанство треба да биде помала од 5 хектари, а услов е досега да добивале субвенции само за житните култури.

Висината на дополнителната финансиската поддршка изнесува 30 проценти од основната субвенција за градинарство, овоштарство и лозарство.

Парите земјоделците ќе ги добиваат во рок од пет години од замената на производството.

Доколку постоечките овошни и лозови насади овоштарите се решат да ги обноват со нови сорти можат да побараат и дополнителни од 4.500 до 12.000 денари за хектар во зависност од видот на културата.


 

 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close