Сточарите бараат 600 денари по јагне предадено во кланица
Производителите на пченица се уште чекаат одговор – дали ќе добијат дополнителна финансиска поддршка од државата, за предадената пченица од ланската реколта. Земјоделските здруженија побараа да им се надомести разликата меѓу производната и продажната цена, за да можат да ги покријат загубите.
Во меѓувреме Асоцијацијата на земјоделци поднесе уште едно барање, овојпат за дополнителна финансиска поддршка за одгледувачите на овци, кои трпат загуби поради ниските откупни цени на јагнешкото месо. Бараат дополнителна субвенција од 600 денари за предаденото јагне во кланични капацитети за Нова Година.
Минималната цена на јагнешкото треба да биде 180 денари, со овие субвенции сточарите ќе можат ги ублажат загубите поради неможноста за молзење во овој период, во спротивно се поголем број на одгледувачи ќе се откажат од сточарење, велат од Асоцијацијата на земјоделци.