Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) организира информативни средби кои се во рамки на проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”.
Информативите средби ќе се одржат на следните локации со следниот распоред:
– 05.09.2018 (среда), 12:00 – 14:00, Тетово во Општинската сала;
– 05.09.2018 (среда), 18:00 – 20:00, Гостивар во Општинската сала;
– 06.09.2018 (четврток), 10:00 – 12:00, Битола во НУ Центар за култура – Битола;
– 06.09.2018 (четврток), 16:00 – 18:00, Прилеп во старата Општинска сала.
На средбите ќе информираме за:
– предности од здружување во земјоделски задруги преку презентација на успешни примери од регионот и
– можности за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги во рамки на наведениот проект.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Повеќе детали за проектот може да најдете на следната веб-страна: www.zadrugi.mk
Зелена берза