НАЈЗДРАВИОТ ЗЕЛЕНЧУК
Барајќи го најздравиот зеленчук, не треба да трагаме по егзотични предели. Најздравиот зеленчук потекнува токму од нашето поднебје и носи име КЕЉ. Иако уште старите Грци и Римјани знаеле за големата корист од неговото користење, денес некако како да сме го заборавиле. Затоа,препорачувам КЕЉ барем еднаш неделно на вашата трпеза и тоа токму сега кога му е сезоната.
Што го прави кељот да биде најздравиот зеленчук?
- СИЛНА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ
Кељот е еден од најсконцентританите извори во природата на витамини и минерали истовремено. Во 70 грама кељ има: 206% од дневната доза на витамин А, 684% од дневната доза на витамин К, 134% од дневната доза на витамин Ц, 26% о дневната доза на потребниот манган… Богат е и со Б витамини, калциум, бакар, железо и форсор.
- ИЗОБИЛУВА СО МОЌНИ АНТИОКСИДАНСИ
Кверцетин, каемферол, бета каротен, флавоноиди и полифеноли – имаат многу важни функции во нашиот организам, а една од нив е антикарцерогената активност.
- НАМАЛУВАЊЕ НА ХОЛЕСТЕРОЛ
Во склоп со останатата здрава храна, кељот има блијание врз нивото на холестеролот. Тој содржи супстанции кои го врзуваат холестеролот во цревата и не му дозволуваат да се врати назад во црниот дроб. Според некои студии, сок од кељ може за 12 недели да го подобри нивото на ХДЛ за 27%.
- БОГАТ Е СО РЕТКИ МИНЕРАЛИ
Можеби последно кога ќе помислиме на извор на калциум ќе ни биде токму овој лиснат зеленчук, но кељот е еден од најдобрите природни извори на калциум. Дополнително, содржи магнезиум и калиум во високи концентрации, а сето тоа со ниското ниво на оксалати помага наведениве минерали лесно да се апсорбираат.
- ЗАШТИТНИК НА ОЧИТЕ
Во кељот има лутеин и зеаксантин во високи концентрации. Најдено е дека овие супстанции го спречуваат развојот на катаракта и макуларна дегенерација кај очите. Уште една дополнителна причина за редовна употреба на кељ!
Кељот е храна од нашето поднебје. За жал, со тек на времето е намалена неговата употреба и е речиси заборавен . Една од храните која по мое длабоко убедување треба да се врати и во нашите пазари и на нашите трпези!