fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

АД ЕСМ ќе транзитира кон обновливи извори на енергија, но РЕК Битола останува столбот

Екологија

АД ЕСМ ќе транзитира кон обновливи извори на енергија, но РЕК Битола останува столбот

 

Зголеменото користење на обновливите извори на енергија е прифатено како едно од несомнено главните решенија да се забават климатските промени.

 

Сржта на енергетската транзиција се обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. На светот и нам ни требаат промени, а тие промени  вклучуваат прогресивно усвојување на технологии со низок јаглерод, што е клучен столб на енергетската транзиција, рече генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски,тематската трибина за енергетика Агенда-Енергетика 20-24.

Во нашата земја, од целокупното производство на електрична енергија во државата, 70% доаѓа од ЕСМ, односно 58% од термоелектрани, 39% од хидроелектрани и 3% обновливи извори, односно од ветер.

Првата фотонапонска електрана е во фаза на реализација. Инвестицијата е вредна 7 милиони евра, ја гради турската компанија Гиришим електрик, се гради на местото на исцрпениот рудник за јаглен во  термоелектрана Осломеј, ќе биде со инсталирана моќност од 10 MW и со номинално годишно производство на електрична енергија од околу 15 GWh.

Тоа ќе значи 13.700 тони помалку CО2, односно јаглероден диоксид, испуштен во атмосферата. Ако таа количина електрична енергија се произведе од јаглен тогаш е неминовно испуштањето на таа количина CО2 во воздухот.

-Овој процент, 3 %, обновливи извори е релативно мал и најголемиот дел од нашиот напор во развојот на компанијата е насочен токму во правец на зголемување на капацитетите за производство кои ќе се базираат на обновливи извори на ветер и на сонце. Конкретно, постоечкиот ветерен парк Богданци ќе се прошири со уште 3 или 4 ветерни турбини, зависи за каква јачина на турбините ќе се одлучиме. Со тоа Богданци ќе стигне до вкупна инсталирана моќност од 50 MW и вкупно годишно производство од околу 137 GWh. Емисијата на CО2 ќе се намали за 35 илјади тони годишно.Понатаму, го воведуваме производството на струја од сонце, односно веќе градиме прва фотонапонска електрана во Осломеј, а се подготвуваме за уште неколку други. Тоа значајно ќе го зголеми уделот на електрична енергија од обновливи извори, а на сметка на тоа ќе можеме да го намалиме производството и работењето на термоелектраните, нагласи Ковачевски во своето излагање пред присутните.

Од друга страна, според Ковачевски се зајакнуваат и хидроелектраните, се ревитализираат  со цел да работат со помала преработка на водата, поекономично и со помали трошоци, а паралелно се вложува и во РЕК Битола.

-Инвестираме и во РЕК Битола. Комбинатот ќе го помине патот на енергетската транзиција од технологии што загадуваат кон чисти технологии, тоа е долг пат и долг процес. Готова е постапката за новите филтри во РЕК Битола, со новиот финансиски план се обезбедени 32 милиони евра со кои ќе се направи темелна реконструкција на трите филтри и замена на сите вентилатори, а тоа со други зборови значи дека за првпат освен монтирањето на филтрите кое се случило во 80-те години на минатиот век, сега во 2020 година за време на капиталниот ремонт на Блок-3 ќе се врши темелна реконструкција на електростатскиот филтер, потоа во 2021 и 2022 година ќе се реконструираат и Блок-1 и Блок-2, а од 2023 до 2025 година ќе ја завршиме втората фаза од овој процес односно десулфуризација. Овие зададени рокови заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање ги ставивме во Оперативниот план за добивање на А-интегрирана еколошка дозвола, рече Ковачевски.

За состојбите во енергетиката говореа д-р Александар Дединец од МАНУ кој потсети дека актуелната власт донесе Закон за енергетика,  донесена е Стратегија за енергетика, а во македонското Собрание беше донесен Законот за енергетска ефикасност и тоа според Дединеце за позитивна оценка. Д-р Весна Борозан говореше за енергетската заедница и регионалното поврзување и истакна дека ресурсите се планираат интегрирано, а производството на електрична енергија треба да биде со прифатлива цена и не на штета на животната средина, додека пак Ева Елерајт, директорка на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје, пред аудиториумот нагласи дека енергетиката е важна тема во национален контекст, напоменувајќи дека во Македонија има многу повеќе сончеви денови отколку во Германија и тоа треба да се искористи.

 

Анета Блажевска

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close