fbpx
Вести

Казни ако одмрзната храна се продава како свежа

Производителите на храна ќе мора да им дадат до знаење на купувачите на какви процеси била подложена таа, пред да се најде на продажните рафтови. Потрошувачите ќе треба да имаат информација за тоа дали некое месо е одмрзнато, дали храната била замрзната со сушење или, пак, била брзо замрзната. Ова е предвидено со правилникот за означување на храната, кој треба да стапи во сила од 13 мај, до кога производителите ќе мора да се приспособат на новите услови за декларирање, усогласени со европските стандарди.

9462960-frozen-ground-meat-in-plastic-package-close-up

Казните за непочитување на новите правила се движат до 10.000 евра и повлекување на целата палета производи, кои не се декларирани според пропишаните услови.

Недостигот од овие информации би го довел до заблуда потрошувачот. На пример, треба да се знае дали производот на пример е во прав, повторно замрзнат, замрзнат со сушење, брзо замрзнат, концентриран, пушен. За храната што била замрзната и се продава во одмрзната состојба ознаката „одмрзнато“ треба да се наведе заедно со името на храната, велат од Агенцијата за храна.

Ова не се однесува на состојките присутни во крајниот производ, т.е. состојките што се замрзнати и одмрзнати пред да се вметнат во крајниот производ, храна за која замрзнувањето е технолошки неопходен чекор во производствениот процес и за храна за која одмрзнувањето нема негативно влијание врз безбедноста или квалитетот.

Исто така, во случај кога при производство на храна од месо, преработки од месо и производи од риба се додадени протеини или хидролизирани протеини од друг вид животно, треба да биде содржано укажување за присуство на такви протеини и за нивното потекло. Доколку е додадена вода над 5 отсто од тежината на готовиот производ, во случај на производи од месо и преработки од месо, кои се во форма на изрезок, парче, дел или труп од месо, во тој случај треба да биде вклучено укажување за присуство на додадена вода.

FrozenFoodImage1

Мора да се знае што има во рибните стапчиња

Производителите ќе мора точно да напишат и што има во производите од риба, како на пример филе или рибни стапчиња. Од Агенцијата за храна објаснуваат дека доколку се состојат од различни делови комбинирани со други состојки, како, на пример, адитиви за храна, ензими во храна и на тој начин даваат впечаток дека се направени од цело парче месо или риба, тоа треба да биде наведено со ознаката „формирано месо“ или „формирана риба“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close