30 километри се средуваат – земјоделци од Новаци со уредени полски патишта

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Дванаесет села во руралната Општина Новаци во срцето на Пелагонија, пролетва ќе добијат уредени полски патишта, тампонирани, проширени, без ударни дупки и со исчистена вегетација, што ќе им го олесни пристапот до нивните ниви. Акцијата ја спроведува Општината Новаци со буџетски средства и според програмата на тукашната локална самоуправа, а ќе заврши до петнаесетти јуни со триесеттина километри санирани полски патишта.

30 kilometri se sreduvaat zemjodelci od novaci so uredeni polski patishta

– Ова е редовна активност на Општината Новаци, оспосбување на полските патишта со тампонирање, за да имаат земјоделците полесен пристап до земјоделските површини. Општината од буџетот има издвоено сто илјади евра, а активностите се спроведуваат во дванаесет села овој пат тука во Новаци и околните села, додека есенскиот дел го завршивме во пограничните села на општината – рече новачкиот градоначалник Лазо Котевски.
Оваа акција што се повторува секоја година, за земјоделците и нивната механизација значи многу, особено што ова е земјоделски крај со непрегледни пелагониски пространства.
– Добро е што многу побрзо ќе стигниме до парцелите преку полските патишта што се вака направени, што значи дека имаме поголем пристап до нивите. Ланската година мимавме поплави, а еве и сега годината е поврнежлива и се оштетуваат патиштата и ова е добро за нашата механизација – рече Илче Најдевски, земјоделец од Новаци.
Акцијата за санирање на полските патишта поради временските влијанија со нивно оштетување, во оваа општина со четириесет села, се извршува два пати годишно. Стручните тимови на општината, пресметале дека заштедите во амортизација на земјоделоската механизација и резервни делови се поголеми, отколку вложувањата во оваа чуствителна инфраструктура.
Share Button