fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Прскалка  UX 3200 super  и   ѓубрерастурачот  ZA – TS  2600

Најнови модели на прскалки и ѓубрерастурачи „Amazone“

Прскалка  UX 3200 super  и   ѓубрерастурачот  ZA – TS  2600

 

Во екот на сезоната на  прихрана и заштита во земјоделското производство  производителите на земјоделска опрема  ги понудија своите последни достигнувања. „Amazone“ ги понуди своите  најнови модели на машини. Опремени со најнова компјутерска опрема што на земјоделецот не само што му ја олеснува работата туку и штеди на време и пари.

Прскалка  UX 3200 super   е машина што секој  земјоделец би ја посакал. Оваа машина е наменета за работа на големи површини. Опремена е со најмодерна електроника  што овозможува  работата да се регулира автоматски , со ште се заштедува на ресурси и материјални и човечки.

Прскалката има капацитет од 3 500л со распон на секциите од 24 метри. Располага со две пумпи, една за полнење и една  работна. Може да се полни сама од базен или цистерна или пак преку хидрант. Има вграден GPS  систем што овозможува  самоконтрола на работата по претходно точно зададени параметри. Има три вида бренери со различни големини.

Големиот капацитет, помал празен од, помала потрошувачка на нафта  и електронско подесување се карактеристиките што оваа машина ја прават посебна и секој земјоделец би ја поскал. Преку компјутерскиот аматрон каде се задаваат потребните параметри и џојстикот  е лесна за управување и работа. Лесна е за чистење. За нејзина употреба не се потребни посебни предуслови. Може да се приклучи на трактор со јачина од 120 -150 коњи. Прскалката е од германско производство , а како што информира Милчо Веловски референт во сервисот во Синпекс ДОО Битола , прскалката е достапна и за македонските  земјоделци.

Ѓубрерастурачот од моделот ZA – TS  2600 е исто така машина од германската линија  „Amazone“  што би ја поскал секој земјоделец. Може да се користи за секаков вид на ѓубре  кое може да се растура  со распон од 36 м.  И оваа машина е снабдена со потребна електроника и лесна е за работа и управување. Со помош на мобилна интернет  апликација  може да се регулира потребната активност. Со почетното задавње на потребните параметри, кој модел на ѓубре да се користи, на колкава површина, со која брзина, колкава количина ѓубре на соодветна површинам машината сето тоа компјутерски го пресметува и  со тоа значително се олеснува нејзиното управување.

Овие современи земјоделски машини стануваат достапни и за македонските земјоделци, за чија дистирибуција и сервис за нашата држава се грижат вработените во Синпекс Битола.

Павлина Јовановска

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close