fbpx
ВестиТоп вести

Во август уписите на прв циклус студии

 

На Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва го­дина на прв циклус студии, за кои се стекнува универзитетска диплома, во учебната 2019/2020 година може да се запишат  вкупно 490 студенти во следните студиски програми :

 

-Полоделство

-хортикултура (модул хортикултура и модул градинарство и цвеќарство)

-овоштарство, лозарство и винарство (модул овоштарство и модул лозарство и винарство)

-анимална биотехнологија

-агроекономика

-заштита на растенијата – фитомедицина

-заштита на растенијата – фитомедицина

-еко-земјоделство

-преработка на земјоделски производи

-квалитет и безбедност на храна

Право на запишување на прв циклус студии имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура (пред учебната 2007/2008 година).

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти финансирани од државата и редовни студенти со

кофинансирање на студиите. На прв циклус студии на факултетите можат да се запишуваат и вонредни студенти, доколку тоа го овозможува карактерот на студиската програма.

На прв циклус студии на факултетите можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи.

Првиот рок за пријавување на кандидатите е 29 и 30.8. 2019, а резултатите ќе бидат објавени на 3.9. 2019. Дококу бројот на студенти не биде пополнет во првиот  уписен рок, заинтересираните  ќе може да се пријават на вториот уписен рок 12 и 13.9.2019

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

 

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. пријава за запишување (образец А1)
  2. електронска пријава (од iKnow-системот)
  3. оригинални свидетелства од сите класови
  4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  5. извод од матичната книга на родените
  6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  7. потврда за уплатa:
  • 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата.

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесу­ваат, освен горенаведените, и документите наведени во глава VI, точка 3 од конкурсот.(При пријавувањето за запишување како вонредни студенти, кандидатите поднесуваат образец М1/М2 нотарски заверен, или лекарско уверение за причините наведени во точка 1 став 2 (издадено од З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје).

 

Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од докумен­тите за свои потреби и да ги заверат на нотар.Конкурсот е објавен на страницата на универзитетот  www.ukim.edu.mk.

 

З.Б.

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close