Општина Могила ја собира отпадната слама и од неа прави пелети. Јавното комунално претпријатие под раководство на ве-де директорот Александар Чагорски заедно со вработените ја собираат сламата во атарот на селото Могила. Сламата потоа се преработува во машина за правење пелети сопственост на општината. Покрај намалувањето на трошоците за греење се внимава и на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. -На овој начин правиме заштеда за греењето по училиштата и во исто време го намалуваме загадувањето. Освен зградата на општината со пелети од лани се загрева и школото во село Ношпал , а од следната грејна сезона ќе се загрева и школото во селото Добрушево, вели градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.
А.Б