
Петре Стојкоски – Земјоделците имаат проблем, за ден до два ќе нема кој да им го откупи житото
„Не прашувајте за жетвата. Имаме приход по хектар што задоволува со висок квалитет на пченицата, а цените од 9,5 до десет денари за килограм. Тоа значи катастрофа! Цената е премногу ниска во однос на квалитетот и на трошоците. Што е уште пострашно, за ден до два, земјоделците ќе треба да фаќаат ургенции за да им се откупи пченицата, бидејќи сега пченицата ја откупуваат трговците кои што 80 проценти ја употребуваат за сточана храна. Овие трговци немаат капацитет да ја опткупат целата пченицата, родот од годинава. За нашата пченица нема заинтересирани откупувачи. Државата не треба да седи со скрстени раце“, изјави Стојкоски за „Зелена берза“.
Петре Стојкоски претседател на Асоцијација на земјоделци критикува дека во моментот жетварите имаат голем проблем, а како минува времето ќе нема кој да им го откупи родот.
„Не прашувајте за жетвата. Имаме приход по хектар што задоволува со висок квалитет на пченицата, а цените од 9,5 до десет денари за килограм. Тоа значи катастрофа! Цената е премногу ниска во однос на квалитетот и на трошоците. Што е уште пострашно, за ден до два, земјоделците ќе треба да фаќаат ургенции за да им се откупи пченицата, бидејќи сега пченицата ја откупуваат трговците кои што 80 проценти ја употребуваат за сточана храна. Овие трговци немаат капацитет да ја опткупат целата пченицата, родот од годинава. За нашата пченица нема заинтересирани откупувачи. Државата не треба да седи со скрстени раце“, изјави Стојкоски за „Зелена берза“.
Според него–„Грешка е што новиот министер за земјоделие прво се зафати со лозарите, наместо со жетварите, затоа што производот на лозарите ќе стаса во октомври месец. За лозарите, за дискусија има време, за жетвата нема“, му порача Стојкоски на министерот Серафимовски, отворајќи го прашањето, дали ваквата состојба со годинешната жетва и проблемите кои се во континуитет ќе ги намали површините со жито догодина и земјоделците ќе се откажат од домашното производство на пченица?
А.Блажевска




