fbpx
ВестиТоп вести

Општина Новаци зелениот отпад ќе го претвора во биомаса за загревање на објекти, ќе се формира и Кластер за биомаса

Пелагонија

Општина Новаци зелениот отпад ќе го претвора во биомаса за загревање на објекти, ќе се формира и Кластер за биомаса

Зелениот отпад од каналите и речните корита од општина Новаци ќе се претвора во биомаса која ќе се користи за загревање на детската градинка, амбулантата и горниот кат од Младинскиот центар во Новаци. За таа цел набавена е потребната механизација и веќе е  започнато со собирање и подготовка на зелениот отпад. Ќе се набави и котел со комплетна инсталација.

Општина Новаци успешно ја реализира дводневната работилница за формирање на Кластер за биомаса со партнерите од Република Грција во рамките на проектот AGROWCHEN-одржливо менаџирање со агро-отпадот за загревање на руралните средини. Проектот е финансиран од ИНТЕРЕГ ИПА програмата за погранична соработка помеѓу двете соседни држави. Главен партнер во проектот е Детепа-општинско претпријатие за загревање на поширокиот регион во градот Аминдео и уште два партнери од грчка страна , од наша страна се Општина Новаци и Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието со седиште во Битола.

Целата на состанокот е да се види до каде е имплементацијата на проектот “Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини” и што се е направено со буџетот со кој располагаат партнерите.

Зелениот отпад од каналите и речните корита од Општина Новаци ќе се претвора во биомаса која ќе се користи за загревање на детската градинка , амбулантата и горниот кат од Младинскиот центар во Новаци. За таа цел Општина Новаци веќе ја набави потребната механизација (трактор, приколка, балирачка, специјална хидраулична рака за сечење на вегетацијата) за чистење и сечење на нискостеблестата вегетација од речните корита. Останува да се набави котелот за парно греење специјализиран за биомаса. Буџетот со кој располага Општина Новаци е во висина од 216  илјади евра, а буџетот на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието е околу  50 илјади евра.

-Со ова ќе придонесеме за заштита на животната средина. Сакаме да им  покажеме на граѓаните дека постојат алтернативни извори на енергија. Од една страна ќе се чистат речните корита  и ќе се заштитиме од поплави, од друга страна ќе се загреваме и нема да загадуваме . Како локална самоуправа имајќи го во предвид нивото на загадување во нашата општина ги следиме европските регулативи и пристапуваме кон алтернативни извори на загревање со цел намалување на загадувањето. Размислуваме зелено, еколошки, иновативно и економично, рече во својот говор градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Всушност Општина Новаци е единствена во регионот што покрена иницијатива за формирање на Кластер за биомаса во која ќе бидат вклучени повеќе организации, земјоделски здруженија, задруги и други чинители на пазарот за  биомаса.

-Општина Новаци како рурална општина важи за една од поголемите корисници на средства од ЕУ фондовите и во изминатиот период е лидер во нивното искористување. Досега имаме имплементирано три проекти, а ова е наш четврт проект од ИПА програмата за прекугранична соработка. И тука не застануваме подготвени сме и во наредниот период 2021-2027 година, заедно со нашите партнери  од Република Грција да ја продолжиме соработката и заедно да работиме на нови проекти, најави градоначалникот Кузманоски.

За партнерите од Грција од особена важност е споделувањето на искуствата со македонските учесници во проектот.

-Тука сме да го видиме прогресот на нашите партнери .Проект е особено важен за прекуграничниот регион особено за Аминдео, Лерин (Флорина) и Новаци. Целта е да користиме неискористени извори на енергија како што е на пример шамакот, трската и вегетацијата која што ги обраснува речните канали, за да загреваме објекти во нашите општини. Се наоѓаме во една критична точка за имплементацијата на проектот. Општина Новаци набави веќе опрема која што е потребна за сечење на речната вегетација, истата треба да ја балира и потоа тие балиња да ги користи за загревање на детската градинка, рече Кристофорес Перакис од CRES.

Според Јанис Фалас, директор на Кластерот од Република Грција, формиран 2014 година целта им е и кај нас да се формира Кластер.

-Бидејќи ние живееме многу блиску во овој регион, се соочуваме со слични работи и затоа сакаме да ги споделиме искуствата. Биоенергијата е многу важна. Затоа и создавањето на Кластер е многу битно и сметаме дека ќе бидеме од помош за општината и државните компании да го направат овој Кластер, рече Фалис.

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close