fbpx
ВестиТоп вести

Есенската сеидба и во кумановскиот регион се одвива отежнато поради недостиг на влага

Еесенската сеидба отежната поради недоволно влага во почвата

Есенската сеидба во поширокиот кумановски регион е почната, но се одвива отежнато поради недоволна влажност на почвата, информираа денеска од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Изминативе денови имаше незначителни врнежи дожд кои, сепак, како што појаснуваат стручните, не беа доволни за постигнување оптимални сеидбени услови со оглед на претходниот долг период на суша.

– На подрачјето на трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане со есенска сеидба, очекуваме да бидат опфатени 20.000 хектари, од кои 3.500 ќе сеат земјоделските претпријатија, а 16.500 хектари земјоделците од трите општини, претежно пченица и јамен во помал процент, рж и фуражни култури, изјави раководителот на Подрачната единица, Насер Даути.

Најавените врнежи во наредниот период, сметаат експертите, ќе ја зголеми влажноста на почвата и ќе овозможи полесна обработка на земјоделските површини.

извор:Вечерпрес

Слични написи

Back to top button
Close