
Хоџа: Жетвата на пченицата е во полн ек, досегашните резултати се охрабрувачки
Во производствената сезона 2025/2026 се засеани повеќе од 63 илјади хектари со пченица, а очекуваното производство се проценува на околу 221 илјада тони. И покрај неповолните климатски услови во текот на сезоната, досегашните резултати од жетвата се охрабрувачки и го потврдуваат трудот и посветеноста на нашите земјоделци“, изјави Хоџа.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, го посети Полошкиот Регион, каде одблиску ја проследи жетвата на пченицата и разговараше со земјоделците за резултатите и предизвиците во текот на оваа производствена сезона.
За време на посетата, Хоџа истакна дека пченицата останува една од стратешките земјоделски култури во државата и има значајна улога во обезбедувањето на прехранбената сигурност.
„Во производствената сезона 2025/2026 се засеани повеќе од 63 илјади хектари со пченица, а очекуваното производство се проценува на околу 221 илјада тони. И покрај неповолните климатски услови во текот на сезоната, досегашните резултати од жетвата се охрабрувачки и го потврдуваат трудот и посветеноста на нашите земјоделци“, изјави Хоџа
Тој нагласи дека теренските посети се дел од определбата на Министерството за постојана комуникација со земјоделците и за непосредно согледување на состојбите и потребите на секторот.
„Жетвата е момент кога се вреднува трудот вложен во текот на целата година. Земјоделците заслужуваат почит за својата посветеност, а Министерството ќе продолжи да креира политики кои ќе го поддржуваат домашното производство и одржливиот развој на земјоделството“, истакна Хоџа.
Во рамките на посетата, беше проследен процесот на жетва со современа механизација, а со земјоделците беа разменети мислења за тековната состојба со производството на пченица во Полошкиот Регион.




