ДООЕЛ „ Карачи“ со производство на полиетиленска фолија за во земјоделство и градежништво
ДООЕЛ „ Карачи“ е приватна компанија која повеќе од една деценија успешно опстојува на нашите простори. Во широката палета на производи се наоѓаат и оние полиетиленски фолии што наоѓаат голема примена во земјоделството и градежништвото.
Користењето на современа технологија им овозможува на вработените во оваа компанија да одговорат на барањата и на најпребирливите вкусови на потрошувачите. Квалитетот е гаранцијата, оној што еднаш дошол повторно да се врати и да ја продолжат соработката.
Следејќи ги потребите на клиентите фирмата произведува различни видови фолии: Проѕирна и црна фолија. Проѕирната фолија најчесто се користи за во земјоделството за покривање на леи или пластеници. Ја има во два вида, натур која е безбојна и стабилизирана која има зеленкаста боја која е добиена од додатоците што се ставаат за време на нејзиното произвдство. Ваквата фолија има подолг век на траење. Се прозведува во димензии од 2 метра ширина и 100 микрони дебелина.
Црниот тип фолија има повеќекратна примена но најчесто се применува во градежништвото. И оваа фолија ја има во повеќе димензии во 2 или 4 метра и дебелина од 50 – 100 микрони.
Од ДООЕЛ „Карачи“ уверуваат дека и материјалите и суровините што ги употребуваат во процесот на производство се безбедни за што гарантира атестот што го добиваат од своите добавувачи.
Квалитетот и безбедноста на производите, пристапните цени и брзата дистрибуција се одликите што „Карачи“ успешно функционира и е баран на територијата на целата држава.
П.Ј.