fbpx
ВестиТоп вести

Зелени афоризми

 

И на земјоделците може да им се случи нешто убаво и оригинално.                                                         На пример да се вратат старите добри времиња-кога не се бавеле со земјоделие.

**

Кај нас најголеми субвенции земаат оние што бројат овци пред да заспијат.

**

Знаат дека земјоделците имаат скапа кожа. Затоа постојано им ја дерат.

**

Велат некогаш со една реколта бостан можело да се купи кола.                                                             Значи и тогаш детските играчки биле скапи.

**

Некогаш тука од земјоделие добро се живеело.                                                                                                          Велат земјоделците ги дочекувале своите гости со леб и сол.

**

Жртвата е секогаш на местото на злосторството. На пример земјоделецот на својата нива.

**

Накупците знаат на што се раѓа лебот. Затоа и не се симнуваат од грбот на земјоделците.

**

Сами сме криви што ни пропаѓа сточарството.

Секогаш гласаме за оние што прават стока од нас.

**

Мојот дедо работел како земјоделец, татко ми исто така, а и јас работам за еден накупец.

**

Земјоделците се неинформирани луѓе. Веруваат дека од земјоделие може да се живее.

**

Парадокс: кај нас цената на јајцата ја одредуваат оние што немаат јајца да се бават со живинарство.

**

Не дај Боже врбата да роди грозје. И тоа ќе остане непродадено.

Миле Ѓорѓијоски

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close