fbpx
ВестиМакедонија

Претежно сончево со мала до умерена локална облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ -7 Попова Шапка, -6 Берово, - 4 Скопје-Петровец, Маврово, -3 Крива Паланка, Крушево, -2 Тетово, Претор, Битола, Штип, Д.Капија, Струмица, -1 Охрид, Прилеп, 0 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Гевгелија Куманово, 2 Дојран.

Времето во земјава ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен северен ветер.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-7 Попова Шапка, -6 Берово, – 4 Скопје-Петровец, Маврово, -3 Крива Паланка, Крушево, -2 Тетово, Претор, Битола, Штип, Д.Капија, Струмица, -1 Охрид, Прилеп, 0 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Гевгелија Куманово, 2 Дојран.

Утринската температура ќе се движи од -6 до 0, а дневната од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а дневната ќе достигне до 13 степени.

До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од среда ќе бидат во пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close