fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Димковски во посета на село Буково ги повика земјоделците да ја заштитат „буковската пипер“

Со заштитувањето на земјоделски производи и домашните специјалитети како останатите европски држави, ќе може истите  да бидат промовирани на европските пазари, со нашите заштитени ознаки. „Буковската пипер“ од с.Буково битолско е еден од тие производи.

Министерот Димковски денес во  с .Буково Општина Битола ги повика локалните производители од ова село да ја заштитат „буковската пипер“ со ознака за потекло. За таа цел тој го промовираше јавниот повик  кој што  кој го објави МЗШВ, за финансиска  поддршка за изработка на елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи за ознаките: „Ознака за потекло“, „Географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет”.

-Повикот е во тек. Останува  уште триесеттина дена за пријавување. Би сакал да напоменам  дека во огласот е планирано е  по 300 000 ден.  по елаборат., Тоа е она што одамна му требаше на нашите традиционални производи, за да ги ставиме во еден наш првичен регистер  трите ознаки: потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет .Вкупниот буџет изнесува 1 500 000ден, БИ САКАЛ ДА НАГЛАСАМ ДЕКА НЕ СМЕ ЛИМИТИРАНИ ДА БИДАТ финансирани само 5 елаборати.  Доколку има интерес за поголем број на елаборати за традиционални производи, кои би сакале самите здруженија или приватни фирми да ги заштитат, тогаш буџетот секако ќе биде зголемен, изјави министерот Димковски.

Многумина не знаат дека често употребуваниот  производ во исхраната „буковска пипер“ потекнува токму од ова село.  Илинка Главевска , произовдител на буковска пипер, денеска  пред Министерот  Димковски го претстави рецептот кој традиционално се применува во ова село  децении наназад.

-Овој производ  е чиста „буковска пипер“. Целата постапка од сеење на семе, производство на расад , садење, берење, сушење рачно се прави.  Исушената црвена пиперка ја печеме во фурна на дрва по што ја толчиме во котле, откако претходно сме ги исчистиле шишките. Колку повеќе се толчи, пиперта станува помека, објасни Илинка Главевска.

Ова е само почеток  да се дојде до регистрација на „буковската пипер“ , производ кој оригинално потекнува од с.Буково да  биде заштитен и во Брисел. Со нашето пристапување во Европската Унија нашите заштитени производи ќе можеме да ги промовираме на европскиот пазар со заштитени ознаки, велат до МЗШВ.

П.Јовановска

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close