fbpx
Вести

Могилчани успешно произведуваат енергија од отпадна слама

pivko

Користење на неупотреблива слама од житни култури за производство на пелети, со што се произведува топлина е проект кој и донесе големи бенефити на Општина Могила. Овој проект, што го реализира Општина Могила во соработка со Македонското научно друштво од Битола е потпишан во јуни 2015 година, во вредност од околу 150.000 евра и е поддржан од ЕУ. Денес во Могила се одржа завршната конференција од проектот, на која беше истакнато дека се очекува преку него да се овозможи комплетно греење на општинската зграда со специјална пелетерка, а котли се поставени и во подрачното училиште во селото Беранци.

„Со употреба на пелетите од слама ќе заштедиме или ќе намалиме над 60 отсто од досегашните трошоци за електрична енергија“ истакна градоначалникот на Могила Стево Пивковски.

Димитар Малиновски одговорен за секторот енергија во Делегацијата на ЕУ, посочи дека проектот се совпаѓа со европските трендови и е дел од проектите за меѓугранична соработка меѓу Македонија и соседна Грција.

Македонското научно друштво како партнер во проектот претходно преку технички студии ги испита потенцијалите на отпадна слама во пелагонискиот регион и можностите за нејзино искористување.

„Ефикасно реализираниот проект ќе промовира нов пазар за отпадна биомаса од земјоделството, користење отпадна слама и склучување договори за нејзина набавка, нагласи проектниот менаџер од МНД-Битола“ Марија Димова.

Искуствата од проектот ќе бидат пренесени на фармерите кои ќе имаат можност да научат како неупотребливите суровини да ги направат употребливи, а од овој пример, можат да учат и останатите општини како био отпадите од сите култури можат да се искористат за топлинска енергија.


 

тв.орбис

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close