fbpx
ВестиВкусот на традицијатаТоп вести

ЧИА – 7 богатства во малото зрно!

Чиа семето во последно време станува сè попоуларно и во нашата јавноста. Овој тренд ни доаѓа од западот, бидејќи ова семе не е типично за нашето поднебје. Популарноста низ светот чиата ја стекнува поради својата висока нутритивна вредност.
Може да се користи во подготовката во најразлични смути напитоци, кондиторски производи, протеински барови, пудинзи итн. Потекнува од Јужна и Средна Америка и се смета за храна на воините од племињата на Маите.
Поради својата навистина богата хранлива вредност, чиата се смета за ,,супер-храна”. Корисните дејства кои може да ни ги обезбеди се должат токму на богатиот хранлив состав.
Во само 28g чиа семе се содржи:
– 137kcal
– 12,3g јаглехидрати
– 4,4g протеини
– 8,6g масти
– 10,6g растителни влакна (44% од ДПВ)
– 0,6mg манган (30% од ДПВ)
– 265mg фосфор (27% од ДПВ)
– 177g калциум (18% од ДПВ)
– 1mg цинк (7% од ДПВ)
– 0,1mg бакар
– 44,8mg калиум

Може да придонесе за здравјето на кожата и да делува на спречување на хроничното воспаление на организмот
Чиата се смета за една од најбогатите намирници со антиоксиданти. Овие две позитивни својства се директно поврзани со антиоксидативното дејство на чиа семето. Антиоксидантите се ,,борат” со слободните радикали кои постојано се создаваат во телото, а можат да предизвикаат оштетувања на клетките или оксидативен стрес.
Fibro Gel
Ваквото дејство може да биде корисно за здравјето на кожата. Но, поважно е дека може да придонесе за намалување и превенција на хроничните инфламаторни процеси во телото. Ваквите процеси водат кон повеќето добро познати хронични заболувања (дијабет, рак, кардиоваскуларни заболувања, остеопороза итн). Некои животни навики, како јадењето на нездрава храна, пушењето, неактивноста и други, го забрзуваат овој процес. Од друга страна, храната богата со антиоксиданти може да делува позитивно. Таква храна дефинитивно е и чиа семето.
Една студија спроведена на 20 пациенти со дијабет траела 3 месеци и во текот на тој период испитаниците консумирале 40g чиа семе, дневно. Ваквата група го намалила т.н. воспалителни маркери за дури 40% во однос на испитаната контролна група. Вакво антивоспалително дејство покажуваат и други бројни студии.

Извор: Пулс24.мк

Слични написи

Back to top button
Close