fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Потпишан Меморандум за соработка и партнерство помеѓу задруги од Република Мекедонија и Република Бугарија

Во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во тек е имплеметација на проектот “ Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“ финансиран од ИПА на Европската Унија 2015 година со буџет од приближно 900 000 евра и со траење од 26 месеци.

Имплементирањето на овој проект е од голема важност за македонското земјоделство бидејќи истиот ќе придонесе кон зголемување на пазарните можности, економскиот развој и севкупното производтсво во земјоделскиот сектор, истовремено подобрувајќи ја конкурентноста на земјоделскиот сектор во согласност со барањата за пристапување во ЕУ.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска присуствуваше на потпишување на Меморандум за соработка и партнерство помеѓу задруги од Република Северна Македонија и Република Бугарија.

“ Ни претстои уште поголема работа и уште поголеми предизвици кон целосно исполнување на европските стандарди и модернизација на споменатите сектори и политики што ќе резултира со зачленување на Република Северна Македонија во европското семејство, за што е потребно да вложиме максимални напори и да придонесеме за реализација на оваа цел.

Ви посакувам успешна соработка и партнерство и искрено се надевам дека ќе бидете успешен пример на соработка и за другите задруги во земјава и регионот и дека овој пример ќе биде препознаен како модел кај други земјоделски производители во Република Северна Македонија“- изјави министерот Хоџа.

Проектот ќе им помогне и на институциите и на приватниот сектор во уредување на бараниот сет на национални пазарни стандарди за свежо овошје и зеленчук на внатрешните и извозните пазари на ЕУ, а секако и помош на МЗШВ во политиките за заштита на земјоделски производи од нарушувања, предизвикани од флуктуации на цените и нелојална конкурентност со која се соочуваат производителите.

Министерот Хоџа упати благодарност до Делегацијата на Европска унија за поддршката во реформите и прилагодувањето на сите сектори,информираат од министерството.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close