fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Сулфорафан – најмоќна состојка за превенција од многу болести која можете да ја најдете само во брокулата

Здравата исхрана е најважна овој период - во текот на зимските денови, но и при зголемените бројки на заразени од коронавирусот.

Брокулата се смета за зеленчук кој ја има титулата на најдобар природен исцелител. Но, во што лежи тајната.

Станува збор за состојката сулфорафан, која може да се најде само во овој зеленчук. Оваа состојка е важна за јакнење на имунитетот и борба против воспаленијата и вирусите во нашиот организам. Поради ова, брокулите можат да ни помогнат во успешна превенција и намалување на следните тегоби:

  • Артритис и проблеми со зглобовите
  • Намалување на ризикот од малигни заболувања
  • Намалување на ризикот од срцеви заболувања, заболувања поврзани со крвните садови и висок крвен притисок
  • Помагаат кај заболувањата на бубрезите
  • Позитивно влијаат во процесот на исфрлање на токсините и мастите од црниот дроб

Многу студии докажуваат дека ова соединение придонесува значително за намалување на ризикот од малигно заболување на дебелото црево, простата, дојките и белите дробови.

Освен тоа, се забрзува и метаболизмот, се подобрува системот на варење и ги штити мускулите од повреди и слабости. Главната улога на оваа состојка е да го зајакне имунитетот и да му помогне на нашиот организам да се справи со воспаленијата.

Извор: Скопјеинфо

Слични написи

Back to top button
Close