fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Има порачки во преработувачката индустрија, но се очекува намалување на вработените

Состојбата на обезбеденоста на производството во преработувачката индустрија со порачки во октомври во однос на септември годинава е пoповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Според оценката на раководителите на фирмите индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври во однос на септември годинава е зголемен за 0,8 проценти, а во однос на октомври минатата година за осум проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти што ја изнеле раководителите за октомври годинава е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на октомври минатата година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври годинава изнесува 68,1  процент од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недоволната странска побарувачка со 20,2 проценти, неизвесното економско опкружување со 17,2 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 15,5 проценти и недоволната домашна побарувачка со 13,4 проценти.

Извор: Сител

Слични написи

Back to top button
Close