Денеска времето ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни.
Максималните температури ќе се двужат од 8 дио 16 степени на југо од земјата.
УХМР издаде предупредување дека под влијание на циклонска активност во Медитеранот и влажна воздушна маса, во текот на ноќва и утре ќе има пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни (над 35 л/м2). Денеска ќе дува умерен, на места засилен ветер од југооисточен правец. На планините утре врнежите ќе бидат од снег.
Извор: https://faktor.mk/