Италијански Фереро ја бара македонската земја за производство на оваа култура. Компанијата која ги прозиведува светските брендови, еурокремот Нутела, Рафаело, Фереро и Киндер јајцата сака да откупи до 20 хектари и во наредните 4 до 5 години ќе тестира кој вид на лешник најмногу успева на македонската почва, а потоа планра произвдство. Ќе ги советуваат и домашните земјоделци кој тип на лешник е најдобро да го одгледуваат. Компанијата и досега го откупувала македонскиот лешник и тоа по 3 евра за килограм индустриски лешник.
Видовме дека државата се залага и сака да ги мотивира земјоделците за да ја одгледуваат оваа култура, рече претставникот од компанијата.
Државата дава и субвенции за одгледвање на оваа кулутра и тоа од програмата за рурален развој се покриваат половина или 50 отсто од трошоците на сите оние кои сакаат да почнат да огледуваат лешници, 550 евра се субвенциите за одржување на лешникот. А за преработка на лешникот државата на земјоделците им дава по 2,5 денари за килограм. Тие можат да ги користат и парите од ИПАРД фондовите.
Интересот за одгледување на лешници расте, ако претходно за четири години се произведувале вкупнно 200 хетари сега се 400-тини хектари.