fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Производителите од Велешко го предаваат тутунот, незадоволни се од ниската откупна цена

За разлика од пред десетината дена, сега се отворени сите откупни пунктови во Велешко. И покрај незадоволството, тутунопроизводителите од регионот чекаа во редица да го предадат годинашниот род.

По пауза од неколку дена, од понеделникот продолжи откупот на тутунот, но производителите и натаму не се задоволни од цената. За разлика од пред десетината дена, сега се отворени сите откупни пунктови во Велешко. И покрај незадоволството, тутунопроизводителите од регионот чекаа во редица да го предадат годинашниот род.

„Цената е пониска по едно евро по класа од ланската. Толку е разликата. Најдобрата прва класа се откупува по 180 денари, другите пониско. Некаде четвртата класа, најниската, ја проценуваат на само 100 денари“, вели тутунопроизводител од велешко Бузалково.

Не знаеше дали во текот на денот ќе го предаде родот, оти вели дека тоа е долга постапка. Преговори со откупувачот и проценителот, отворање кутија по кутија, а има за предавање четири тони. Меѓу производителите имаше лица и од Овчеполието, од Лозово, Каратманово.

„Се наоѓам помеѓу два огна ако не го предадам, а имам рок во договорот, може да останам и без денар. А се откупува по пониска цена од лани. Има голем род, оти во август имаше обилни дождови, кои придонесоа тутунот да излиста. Од 2017 година, оваа има најниска цена“, вели тутунар од Каратманово.

Тие велат дека исплатата на парите од предадениот тутун е за краток период, за една седмица.

Министерот Аријан Хоџа, признава дека дел од откупувачите не го почитувале минатонеделниот договор.

„Јавно кажав дека договорот од петокот со тутунарите и откупувачите не беше испочитуван од поголемите откупни фирми. Нема некоја логичност во тврдењето на откупните фирми дека тутунот е со лош квалитет. Тутунот е со послаб квалитет од ланскиот, но не толку за да се цени две класи подолу“, изјави Хоџа по синоќешната средба со тутунопроизводителите во Прилеп.На средбата е одлучено откупот на тутунот да продолжи непречено, а тутунарите од денес да протестираат најмногу до два часа. Во знак на револт поради ниската откупна цена, минатата недела тутунарите ги повлекоа нивните претставници од откупните пунктови, а ги прекинаа и протестите.

Заклучно до вчера, од годинашнава реколтата од која се очекува да се откупат 23.000 тони, досега се откупени само три проценти од родот, со просечна цена од 164 денари за килограм.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/proizvoditelite-vo-veleshko-go-predavaat-tutunot-nezadovolni-se-od-niskata-otkupna-tsena/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close