fbpx
ВестиТоп вести

Има ли надеж за сончогледот во Македонија?!

Сончогледот е култура која во минатото на нашите простори беше многу застапена. За жал во денешно време ретко може да се сретне земјоделец што одгледува ваква култура. Непостоење  на стратегија  за одгледување сончоглед само ја отежнува и така тешката ситуација.

Договорно производство  и постоење на откупни центри е она што на македонскиот земјоделец во моментов му е потребно  повеќе од кога и да било. Велат дека ако ја знаат откупната цена, ќе може да си го планираат производството. Во иднина откупот треба да биде приоритет, сметаат тие.

 

„Приоритетен е откупот. Пример јас сакам да садам пипер, однапред да се знае една загарантирана цена. Исто  и на жито , сончоглед и да си пресмета земјоделецот му се исплати или не да произведува. Потребен е откуп за пченица , сончоглед за се ‘. Слушнав за сончогледот дека   фабриката Благој Ѓорев ќе го откупува. Сакам да посеам мала количина, да пробам , да видам како ќе биде. Пред две три години имав сончоглед  за грицкање, добро одеше, пласманот сам си го наоѓав, со молење ова она, ми се исплаќаше. Но сончогледот во есен стасува а ја ќе го продадев наредното лето  кога веќе другиот стасал. Сега сакам да пробам со индустрискиот.Планирам да посеам најмногу 5 декари. Не знам што ќе биде , а не сакам да вложувам  во нешто непознато. Семе и откуп имам од  Бис промет.

“, вели Димче Талевски  од Беранци.

За сега тутунот е најстабилен, а се останато е катастрофа сметаат земјоделците. Сончогледот пак иако има обиди за негово враќање интересот за негово одгледување е слаб.

„ Житото беше катастрофа, пиперката нешто одеше, тутунот е доста стабилен, другото беше катастрофа. Сончогледот не го ни бараат, нема луѓе ниту да прашаат. Сончогледот го продавам на приватни луѓе, семкари. Порано садев по три ха, но сега само 1 ха. Цената е многу ниска.  Сончогледот не е лесен има многу работа која не се исплати. Годинава нема никаква побарувачка“, вели Ило Димитриевски од средно Егри.

Профитот  е она што ги насочува земјоделците  што да  работат  во тековната сезона. Стручните лица велат дека сончогледот се исплати само ако се сее на големи површини. Во моментов мал е бројот на оние што располагаат со големи површини, но не се одлучуваат лесно за сончоглед. Не исплатливоста од одгледување на сончоглед, посебно индустрискиот,  е тоа што ги натера земјоделците да ја напуштат оваа култура. Слична е состојбата и кај нашите

соседи.

 

И во соседните земји без стратегија за производство на сончоглед

Србија е конкурентен производител на сончоглед што се темели на добрите приноси и тоа во подрачја кои се помалку погодни за друг вид на производство. Во Србија постојат села во кои сите домаќинства  ја одгледуваат оваа маслена култура.Србија е  16 во светот по производство на сончоглед и 9 во Европа.  Романија и Бугарија произведуваат четири пати повеќе од Србија, а Украина дури 20 пати, објавуваат српските медиуми.

Во 2016 година, над 60 милиони долари вредност  од сончоглед и исто количество на рафинирано и сурово масло се извезуваа од Србија. Иако има капацитет да го обработи целиот  сончоглед, Србија не го прави тоа.

Босна и Херцеговина  во 2016 година, извезува сончогледово масло во вреднсот  од 88,6 милиони американски долари. Малку повеќе од половина го рафинира, а остатокот е сурово масло.

Ова е постигнато благодарение на преференцијалниот извоз на турскиот пазар, каде  завршува  над 95% од сопствен извоз на масло Обработката се врши во четирифабрики, од кои три се нови.

Интересно е што Србија ги има иста царина  како БиХ, еден процент за извоз на турскиот пазар, но  не успева да пласира стока на овој пазар, што многу говори за транспарентноста на трговските договори со Турција. Ова е ново опкружување за преработувачката индустрија на Србија. Таа реагира на ова, обидувајќи се да воспостави административна забрана за извозот на сончоглед во БиХ. Потоа, зголемениот извоз на сурово масло во БиХ на сметка на  намалувањето на извозот на рафинирано масло во ЕУ. И конечно, со продажба на фабрики  или нивните акции. Кога на тоа ќе се додадат финансиските проблеми на одредени фабрики, станува јасно опкружувањето, иако профитабилно, не е стимулативно за развој, бидејќи има многу непознаници во функционирањето на пазарот.

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close