fbpx
Двор и градинаЕкологијаРурален туризамФотогалерија

Шармантно романско село создадено како за одмор од бајките

Доколку патот ве носи од Темишвар кон Брашов или Букурешт, тогаш треба да направите пауза во местото Castelul de Lut Valea Zanelor - нема да зажалите.Неговото име во превод значи „Дворец од глина во Долината на вилите“.

Се прослави со својот уникатен изглед налик на куќичките од бајките, а околната природа која што долината ја прават да изгледа многу зелена, планините и жуборот на реката само го прават повпечатливо и похармонично.

Доколку патот ве носи од Темишвар кон Брашов или Букурешт, тогаш треба да направите пауза во местото Castelul de Lut Valea Zanelor – нема да зажалите.Неговото име во превод значи „Дворец од глина во Долината на вилите“.

 

Станува збор за еко-село и мал дворец кој што е сместен во романската долина во познатиот регион Трансилванија недалеку од реката. Еднаш кога ќе ги видите фотографиите оттаму, нема никогаш да ги заборавите.

Изграден е од глина и песок, а со својот облик потсетува на куќичките од хобитите или пак на оние кои што ги гледаме во бајките.

Иако изгледа како спомен од минатото, сепак неговата историја не е долга. Имено, него го основало романско семејство кое што било презаситено од градскиот метеж.

Инспирација пронашле во своето сопственио дете, но исто така и во прекрасната природа која што го обиколува тоа место. Сè започнало во 2015-та година, а тајната на издигнувањето на дворецот ја чуваат за себе.Дворецот има приземје и прв кат, десет соби, две кули и дури 50 прозорци.Надворешниот дел е преуреден во тераса на која што се послужува храна, а во близина се наоѓаат и неколку продавници за сувенири.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close