fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Протест на земјоделците во центарот на Солун

Бараат зајакнување на земјоделскиот сектор

Земјоделци од повеќе региони на северна Грција се собраа денеска во Солун за да ги претстават своите барања за зајакнување на земјоделскиот сектор по повод отворањето на 30. Меѓународна земјоделска изложба „Агротика“

Тие се собраа на јужното пристаниште на Меѓународниот изложбен центар во Солун и таму ќе останат додека трае „Агротика“, односно до 4 февруари. Во центарот на градот има стотици трактори.

Протест на земјоделците денеска има и во Брисел, каде околу 1.000 земјоделци со трактори блокираа неколку централни улици во тој град, особено во близина на европскиот кварт, каде се очекуваат лидерите на ЕУ на вонреден состанок на Европскиот совет.

На тој протест избувнаа нереди, подметнати се пожари и фрлање камења, а сообраќајот во Брисел и неговата околина се одвива отежнато, јавува Танјуг.https://makfax

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close