fbpx
Вести

АХВ: да се пријават угинатите и исчезнатите животни

Сите сопственици на животни да го пријават секое угинато или исчезнато грло на матичниот ветеринар од надлежното ветеринарно друштво или до Агенцијата за храна и ветеринарство, апелираат до АХВ.

ahv da se prijavat uginatite i ischeznatite zhivotni

 

– Сами да не вршат подигање и отстранување на мршите бидејќи истите се потенцијален извор за појава и ширење на зарази. Доколку имаат сознанија за угинато животно во поплавите, граѓаните потребно е да ги информираат дежурните официјални ветеринари од тимовите стационирани во пунктовите во населените места Инџиково и Црешово и во основните училишта 25 Мај во Сингелиќ и Кирил и Методиј во село Стајковци – истакнуваат од Агенцијата.

Оттаму дополнуваат дека без оглед на тоа дали станува збор за крупен, ситен добиток или за угинати домашни миленици, истите се евидентираат по што се врши нивно подигање и закопување со соодветна механизација на локација која е одредена од страна на општините, која не претставува опасност ниту за животната средина ниту за луѓето.

Стручни тимови од АХВ, во соработка со ветеринарните друштва и комуналните претпријатија, досега од регионот на Стајковци и Сингелиќ извршија извлекување, евидентирање и нештетно отстранување на 63 угинати овци и кози, 12 свињи, 250 пилиња, 160 гулаби, на 2 кучиња и 1 мачка, како и на 18 грла говеда, 1 јаре, и 6 зајци.

Дополнително, во ветеринарно информативниот систем на АХВ, во населените места Арачиново, Брњарци, Инџиково, Сингелиќ, Смиљковци, Стајковци и Страчинци и Црешово, евидентирани се вкупно 365 активни одгледувалишта, каде што се чува жив добиток, со 2481 говедо, 3354 овци и кози. 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close