Интензивно се работи на патот Скопје-Блаце
Со завршување на изградбата на патот Скопје-Блаце се очекува да се овозможи побрз проток на патници и стока меѓу двете држави.
Интензивно се работи на првите два километра од автопатот Скопје-Блаце, а јавното претпријатие за државни патишта веќе работи на проектирањето на втората делница во должина од 10,5 километри, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми извршија увид на градежните работи.
Според Груби, добро е и тоа што Качанички пат ќе стане булевар. Се надева дека градежните работи ќе почнат годинава. Автопатот очекува да се изгради за време на четиригодишниот мандат на Владата.
Министерот за транспорт и врски информираше дека експропријацијата е целосно завршена и се работи на распоредување на подземните инсталации. Во врска со втората делница од Блаце до кружниот тек во Стенковец во должина од 10,5 километри, како што изјави, веќе е изработено идејното решение кое е во постапка на одобрување.
Со завршување на изградбата на патот Скопје-Блаце се очекува да се овозможи побрз проток на патници и стока меѓу двете држави.