fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Лани свртеа над 800 милиони евра

Кои се македонските кралеви на горивата

Короната ги удри, но не ги собори. Ја издржаа достојно и на нога. Мирисот на октаните го движи светот, а со тоа и глобалната економија. Барем уште некое догледно време. Кои се најголемите бизниси во земјава чие секојдневие се октаните или поточно трговијата на големо и на мало со моторни горива и мазива односно бизнисот со бензински пумпи…

Трговија на големо и на мало со моторни горива е голем бизнис во кој се вртат големи пари. Октаните се неопходни за нашата мобилност, а денешницата без автомобилите, патниот транспорт и товарниот превоз е невозможна. Корона кризата лани значајно ги забави движењата и го намали бизнисот на македонските компании кои управуваат со бензински станици. Сите тие компании, а ги има повеќе од 20 ширум земјава се грижат секој од возачите да наточи гориво и да направи пауза за време на своето патување.

Анализата на „Фактор“ правена врз основа на официјални податоци достапни од базата на Централниот регистар покажува дека лани има компании регистрирани за трговија на големо и на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници (читај бензински пумпи н.з.) кои направиле приход поголем од 5 милиони евра! 

Станува збор за повеќе од 200 бензински станици ширум Македонија сопственост на дваесетина компании кои заедно лани направиле приход поголем од 800 милиони евра. 

Гиганти на македонскиот пазар и понатаму остануваат „Макпетрол“ и ОКТА пред „Супертрејд“ и „Лукоил“ кои пак убедливо е поголеми од другите конкуренти. Еве го рангирањето на најголемите 15 македонски компании според остварените приходи продажба на мало на моторни горива и мазива на бензински пумпи.https://faktor.mk/koi-se-makedonskite-kralevi-na-gorivata-lani-svrtea-nad-800-milioni-evra

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close