fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Лозарството во Македонија пропаѓа, лозарите уморни од борбата за цената

Лозарите се разочарани бидејќи и годинава се соочуваат со истите проблеми од лани кога винарниците им понудија откупна цена од само 4 денари за килограм. И годинава понудените откупни цени се надвор од секаква логика бидејќи цените на репроматеријалите, ѓубривата и работната рака се зголемени за повеќе од дупло, а само откупната цена на грозјето остана иста. И градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ги поддржа лозарите во борбата за реални и фер цени на грозјето и побара од винариите да ја почитуваат договорената откупна цена

Винариите и годинава не ја почитуваат договорената откупна цена од 13 денари за вранец и 11 денари за смедеревка. На поголем дел од откупните пунктови во Неготино грозјето се откупува по 8 и 10 денари. Лозарите се разочарани бидејќи и годинава се соочуваат со истите проблеми од лани кога винарниците им понудија откупна цена од само 4 денари за килограм. И годинава понудените откупни цени се надвор од секаква логика бидејќи цените на репроматеријалите, ѓубривата и работната рака се зголемени за повеќе од дупло, а само откупната цена на грозјето остана иста, пишува Вечер.

Од Националната федерација на фармери уште пред почетокот на откупот побараа откупната цена да биде 16 денари за смедеревка и 17 денари за вранец, но винариите и оваа година си тераат по свое и не ги почитуваат договорените цени.

-И годинава не се почитуваат договорените откупни цени на грозјето. На повеќе откупни пунктови во Неготино „смедеревката“ се откупува по 8 денари, а „вранецот“ по 10 денари. Сите анализите на МЗШВ покажуваат дека нивната заработувачка од извоз на вино се зголемува. И покрај пандемијата многу винарници лани остварија профит, а и државата им помогна преку ковид мерките и преку субвенции. Лани грозјето го откупуваа по 4 денари и сега требаше да ни го откупат по цена која реално ја заслужуваме, но тие не ги почитуваат ниту договорените цени од 13 денари за „вранец“ и 11 денари за „смедеревка“, вели за ВЕЧЕР Васка Мојсовска претседател на НФФ.

Откупните цени на грозјето во Македонија се најниски во регионот и 20 години не се променети и покрај тоа што цените репроматеријалите, ѓубривата и работната рака се зголемени за повеќе од дупло.

Лозарите се надеваа дека винариите годинава ќе им понудат пореална цена по ланската смешна и понужувачка цена од 4 денари за килограм. Велат дека винариите продолжуваат со нивниот игнораторки оснос и непочитување на трудот на лозарите.

-Откупните цени кои ги понудија годинава се исти со оние во 1997 година, но тогаш дневницата на еден работник беше 350 денари, а сега е 2.000 денари, вреќа ѓубре беше 400 денари, а сега е 1.500 денари…Сè е поскапено повеќе од дупло, а само цената на грозјето остана иста. Пред 20 години со 5 хектари лозје добро се заработуваше и убаво се живееше, а сега лозарите кои имаат 5 хектари лозје не можат да се ги платата трошоците, а не па да заработат. Со ваков однос на винарниците лозарството во Македонија полека почнува да пропаѓа. Некој веќе го продаваат лозјето, а некој се откажуваат од лозарството и одат на печалба надвор од државата, вели Мојсовска и додава дека ако не се промени ваквиот однос на винариите од земја која произведува квалитетно грозје ќе станеме увозници на грозје.

Претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев, вели дека откупните цени кои годинава ги понудија винариите се многу ниски и не им овозможува никаква заработка на лозарите. Ние бараме барем 20 отсто од заработката на винарниците. Не може они да имаат милионски суми заработка, а ние да не можеме да ги покриеме ниту трошоците и секоја година да се вадиме со субвенциите, вели тој.

И градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, ги поддржа лозарите во борбата за реални и фер цени на грозјето и побара од винарниците да ја почитуваат договорената откупна цена.

Според лозарите, засега само една винарска визба го почитува договорот за овие откупни цени.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close