fbpx
ВестиТоп вести

Почна аплицирањето за добивање на финансиска поддршка за порибителен материјал

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  објави повик за доставување на барања за исплата на средства од Програма за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2019 година.

Право на користење на средства имаат:

Субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2018 – декември 2019 година  од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот.

За набавен подмладок, субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и имаат купено подмладок од субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и промет и кои немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2018 – декември 2019 година.

Средствата се исплаќаат скалесто и тоа за купен или сопствен подмладок до 2 500 кг – 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот, за купен или сопствен подмладок; за купен или сопствен подмладок од 2500 кг до 5000 – 75% од вредноста на утврдената цена на подмладокот; за купен или сопствен подмладок од 5000 кг до 7500 – 50% од вредноста на утврдената цена на подмладокот; за купен или сопствен подмладок над 7500 – 25% од вредноста на утврдената цена на подмладокот.

Барањата се доставуваат во оригинален примерок. Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени во Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година („Службен весник на РМ“, бр. 15/2019).

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства согласно Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.

Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи и Упатството за корисници може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Краен рок за доставување на барањата за исплата на средства:

– за насадување на рибниците во период од 01 февруари до 30 мај 2019 година, краен рок е ­­­­­ 15.07.2019 година, се вели во објавата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

П.Ј.

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close