fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Засега нема никаква причина за покачување на цената на лебот, вели Заев

Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека растот на цените, којшто во моментов се случува во државата е помал од генералниот раст на цените на светско ниво.

Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека растот на цените, којшто во моментов се случува во државата е помал од генералниот раст на цените на светско ниво. Засега, според него, нема никаква причина за покачување на цената на  лебот.

– Знаете дека корона-кризата предизвика одредени проблеми кои направија покачување не само на прехранбени продукти, туку и на метални производи и други производи. Кај нас се уште инлфацијата е 1,8 отсто. Коригирина е во буџетот и очекуваме да не помине 2,2 отсто. Тоа е во рамки на нормална, државата е секогаш тука да интервенира, рече Заев во одговор на новинарско прашање.

Заев напомена дека и намалувањето на ДДВ на цената на струјата од 18 на пет проценти е токму еден од најважните услуги. Како што рече, цената се уште се одржува стабилно, без да се покачува.

Тој посочи дека се интервенира и со други мерки и таму каде што е потребно, се со конечна цел да имаме стабилни нивоа на цените. Заев рече дека засега нема никаква причина за покачување на лебот.

– Засега нема никаква причина за покачување на цената на лебот, затоа што условите се исти, државата секогаш интервенира и на сметка на државата прави откуп на вишоците на државните резерви, а после исто така на сметка на држава ги пушта во промет, се со цел да биде балансер на цената на прехранбените продукти меѓу кои овде е значајно брашното и лебот, рече Заев.

Прашан за законот за облигациони односи кој е на сила од 1 октомври, Заев рече дека ова е уште едно законско решение, кое е во процедура, се со конечна цел да интервенираат во помош и поддршка на посиромашните.

– Првото решение е дека каматата не може да биде поголема од главниот долг, и второто решение кое што се надевам Парламентот ќе го поддржи, јас разговарав со пратеничката група, со министерот за правда, го дадов своето мислење, а тоа е дефинитивно застареноста да биде пресечена исто така на десет години и секако делот на каматите кои што поминуваат после десетта година да не смеат да се пресметуваат, рече премиерот.

Според Заев, ова веројатно ќе предизвика одредени последици кај банките и кај компаниите, но како што рече, ако сите тие доверители не успеале за 10 години да ги наплатат побарувањата, тоа е виртуозен круг во кој што се влезени граѓаните, а ништо нема да значи за правните субјекти, банките или фирмите.

– Дефинитивно тоа е пресметан ризик според мене и треба да го отпишат како побарување од спорни и ненаплатливи побраувања кога после веќе 10 години не успеале да го наплатат таквото побарување. А впрочем не е дозволиво каматата да биде поголема и од главниот долг. На крајот, државата постои за граѓаните, рече премиерот.

Извор: МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close