Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нема зејтин нема помфрит во германските ресторани

Поради украинската криза, во Германија граѓаните ги празнат полиците со сончогледово масло за готвење, а угостителите први го исфрлуваат помфритот од менито поради недостаток на зејтин и високата цена.

Бидејќи Украина е значаен производител на сончогледов зејтин и маслодајна репка, земја од која Германија ги увезува овие производи, Германците стравуваат дека наскоро ќе мора да се откажат од помфритот.

Првиот угостител кој го направил тоа е Фреди Базел од Дармштат. Како што изјавил за „Билд“ имал проблем со зејтинот за во фритеза, како и дека сончогледовиот е многу скап.

Во јануари Базел плаќал 90 евро центи за литар масло од репка, а денеска истото чини и до четири евра за литар. Тоа е вели прескапо, и било неизбежно драстично да ја зголеми цената на помфритот. Потоа го тргнал од менито.

Во германските супермаркети цените на зејтинот се поскапени за 29 проценти.

Поврзани новости

Back to top button