fbpx
ВестиМакедонија

Зголемено присуство на глодари по нивите во Тиквешко, земјоделци се жалат на штети

Сакам да апелирам за проблемот, со цел да се изнајде некое соодветно решение.

Зголемено е присуството на глодари по нивите во Тиквешко, земјоделци се жалат на штети во лозјата. Стефан Стојчев од кавадаречкото село Сопот, во изјава за МИА, вели дека забележал оштетувања на лозови прачки и кај житариците.

-Сакам да апелирам за проблемот, со цел да се изнајде некое соодветно решение. Решение кое ќе значи спас за нас земјоделците, а истовремено да не се наруши природата и синџирот на исхрана во неа, нагласи тој.

Зголемено присуство на глодари по нивите, за МИА потврдија и раководителите на подрачните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Кавадарци и Неготино, Драган Николов и Ѓорѓи Ајтов.

-Почесто, парцели кои не се обработуваат и не се изорани, ,,преорани” се од глувци, рече Ајтов.

Николов додаде дека причина за ваквата состојба можеби е и фактот што немаше јака зима.

-Од необработуваните површини, потоа зголемениот број глодари се селат по лозјата. Земјоделци се жалат дека им се уништени виновите лози, цревата за наводнување „капка по капка”. Стравуваат дека најмногу штети ќе има во градинарството, појасни Николов. /МИА.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close