fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Струјата ќе поскапи 10 отсто, дневната евтина тарифа ќе се укине

Неизвесно е и дали по Нова година граѓаните преку ден ќе имаат евтина тарифа на електричната енергија, објавува Алсат. Според надлежните 100 отсто од потребната струја на Универзалниот снабдувач за домаќинствата ќе биде обезбедена од ЕСМ.

Цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми до 10 отсто. Новата цена ќе се знае на 9 декември, изјави министерот за економија Крешник Бектеши за ТВ Алсат.

– Да бидам искрен, на затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, во овој случај, ЕВН Хоме. Јас само можам да потврдам дека крајната цена според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, нема да биде над 10 отсто за домаќинствата и граѓаните, вели Бектеши.Неизвесно е и дали по Нова година граѓаните преку ден ќе имаат евтина тарифа на електричната енергија, објавува Алсат. Според надлежните 100 отсто од потребната струја на Универзалниот снабдувач за домаќинствата ќе биде обезбедена од ЕСМ.https://nezavisen.mk/strujata-kje-poskapi-10-otsto-dnevnata-evtina-tarifa-kje-se-ukine/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close