fbpx
Агро бизнисВестиМеханизацијаТоп вести

Во Охридско, земјоделците најмногу интерес имаат за ИПАРД средствата за земјоделска механизација

Најмногу апликации за користење на тие наменски средства се поднесени токму за модернизација и инвестиција на земјоделски стопанства, што предвидува набавка на земјоделски машини, приклучна механизација, како и за нови овошни и лозови насади по системот капка по капка.

Земјоделците од охридскиот регион најмногу интерес пројавиле за користење средства преку ИПАРД програмата за поддршка на земјоделството и руралниот развој за обновување или набавка на нова механизација.

Најмногу апликации за користење на тие наменски средства се поднесени токму за модернизација и инвестиција на земјоделски стопанства, што предвидува набавка на земјоделски машини, приклучна механизација, како и за нови овошни и лозови насади по системот капка по капка.

Во помала мерка се поднесуваат апликации по мерките 2 и 3 на ИПАРД за добивање финансиска поддшка за преработувачки капацитети, како и за диверзификација и развој на рурални средини односно селски туризам, со помош при изградба на објекти за сместување и соодветна придружна инфраструктура во руралните средини.

Причина за послабиот интерес за мењрките 2 и 3 се во отуството на урбанистички планови за селските населени места, што е предуслов за добивање на дел од средствата предвидени за таа намена.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 15 дена го продолжува за поднесување апликации за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површинска вода.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close