Тие се лидери во светот – им цвета извозот на лешници
Цвета бизнисот со лешници во Турција..
Турција е прва во светот во производство и извоз на лешници
70% од целокупното светско производство на лешници се реализира во Турција.
Турските извозници лани донесоа 1,998 милијарди долари од извоз на 227 556 тони лешници. Нив ги извезуваат најмногу за Италија, Франција и Германија.
Спотед Едип Севинч, претседател на Здружението на извозници на лешници во Црноморскиот регион се работи за одлични бројки кои што ке сакаат да ги повторат и годинава.
52% или 118 000 тони лешници се произведени и извезени од 4 компании во Трабзон. Така да половината од заработката добиена од извозот на лешниците или 1 милијарда долари останаа во Трабзон.
Турција како најголем светски производител и извозник на лешници планира во 2023 година да оствари 4 милијарди долари од извозот на лешници.