вести

Турскиот земјоделски сектор на работ на банкрот

Санкциите на Русија го доведоа турскиот земјоделски сектор до банкрот, пишува тускиот весник Dunya, повикувајќи се на извештајот на Унијата на извозници на Медитеранот.

turskiot zemjodelski sektor na rabot na bankrot

 

Извозот на земјоделски производи од Турција опадна за 88 проценти минатиот месец во однос на јануари 2015 година, пишува турскиот весник.

Ситуацијата е толку тешка што турскиот земјоделски сектор би можел да банкротира без помош од државата.

„Ако Владата не му помогне на земјоделскиот сектор, тој може да пропадне во сите сегменти – од производители до извозници“, пишува весникот.

Рускиот пазар беше главното извозно подрачје за турските производители на храна. Анкара се обидува да пронајде алтернативни пазари за да ги продаде своите производи, но досега не дојде до успех.

Производите на Турција (само од земјоделскиот сектор) кои повеќе не можат да се продаваат во Русија вклучуваат замрзнато пилешко и мисиркино месо, свежи или замрзнати домати, црн патлиџан, краставици, пиперки, портокали, јагоди, кајсии и мандарини.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close