Вести
Површините под кафе за 10 години ќе се преполоват
Климатските промени негативно ќе влијаат на индустријата за производство на кафе, а до 2050 година плантажите со кафе ќе се преполоват.Со тоа ќе бидат погодени 120 милиони луѓе кои живеат од индустријата со кафе, а се работи за едни од најсиромашните земји.
Големите суши и обилни дождови ќе доведат до тоа површините со кафе да се намалат за 50 отсто, а цените да се зголемат.
Климатските промени веќе влијаат на производството во Мексико, Гватемала и Никарагва, земји во кои производството на кафе е една од клучните економски гранки. Индустријата на кафе вреди 19 милијарди долари. Повеќе од 2,25 милијарди кафиња се пијат дневно во светот, а производството тројно се зголеми во послениот половина век.