Интервентниот фонд за земјоделство ќе се зголеми од 400 на 900 милиони денари, вели Колева
Субвенциите сега се исплаќаат редовно и неселективно, а претходно без партиска книшка земјоделците не можеа да дојдат до субвенции, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Колева при реплика кон пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејанчо Ефтимов.
Субвенциите сега се исплаќаат редовно и неселективно, а претходно без партиска книшка земјоделците не можеа да дојдат до субвенции, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Колева при реплика кон пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејанчо Ефтимов.
Таа нагласи дека сите закони за земјоделие доставени од Владата и од Министерството за земјоделство едногласно се гласаат во Собранието, што значи дека се поднесуваат добри закони.
Оваа Влада се грижи за лозарите, на кои како што е кажано, до Свети Трифун им се исплатени субвенциите, оваа влада се грижи за сите земјоделци, нагласи Колева и најави дека интервентиот фонд од 400 милиони денари, со ребалансот на буџетот ќе се зголеми на 900 милиони денари.
Пратеничката Колева наведе дека само за 2021 година во програмата за финансиска поддршка за мерките од земјодлество и рурален развој се исплатени вкупно 123 милиони евра.
„Граѓаните треба да знаат колку оваа влада издвојува за земјоделието, за разлика од претходно, кога тоа било запоставувано. Директен пример за тоа е кога 2017 година беа начекани над 1200 лозари со неисплатен долг, а оваа влада издвои над 2 милиони евра за да ги обештети лозарите, на коишто не им беше исплатено грозјето“, нагласи пратеничката на СДСМ Даниела Колева од собраниската говорница.