fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Потфрли приносот на јачмен и пченица

Не се исплаќа да се работи, скапо ѓубре, скапа нафта, младите не сакаат да работат-изјави Стојан Стојменов, земјоделец од с.Таринци, штипско. 

Разочарани и демотивирани се земјоделците од Штипско и Овчеполието на крајот на жетвата на јачменот и пченицата. Недосtатокот од врнежи во периодот на вегетација, го редицираше годинашното производство на едвај 2 до 3 тони по хектар ожнeана површина. Тоа ни од далеку не е доволно за рентабилно производство.

-Нема фајде од тоа ништо. Не се исплаќа да се работи, скапо ѓубре, скапа нафта, младите не сакаат да работат-изјави Стојан Стојменов, земјоделец од с.Таринци, штипско.

Моменталната откупна цена е повисока во споредба со лани за 5 односно 6 денари, меѓутоа со двојно и тројно поскапи репроматеријали, земјоделците ќе чекаат подобри времиња, а реколтата ќе ја чуваат во амбарите.

-80 до 90% го складираат во силосите, па понатаму ќе видиме што и како и која цена ќе биде. Моментално цената е 18 денари на пченицата и 17 денари на јачменот-изјави Гоце Серафимов, потпретседателна Асоцијација на земјоделци, Свети Николе.

Се уште не е утврдена и минималната производна цена со која само ќе се покријат трошоците.

-Додека не се направи производна цена, колку чини да се произведе едно кило, со загуба работиме- додаде Серафимов.

Земјоделците бараат откупната цена на лебното зрно да биде една третина од цента на килограм брашно. Ресорниот министер вети дополнителни субвенции за есенската сеидба и поддршка од 100 евра по хектар за зголемен принос на житните култури за ониекои ќе ги предадат во домашните откупни центри.https://sitel.com.mk/potfrli-prinosot-na-jachmen-i-pchenica

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close