Филип Димкоски-Од земјоделие и чување кокошки до поезија и научни трудови
Прилепчанецот Филип Димкоски пораснал во семејство на наставници, професори, правници и лекари и кај членовите на неговото семејство, освен кај чичко му кој е агроном-сточар, земјоделството било само хоби.
Прилепчанецот Филип Димкоски пораснал во семејство на наставници, професори, правници и лекари и кај членовите на неговото семејство, освен кај чичко му кој е агроном-сточар, земјоделството било само хоби. Но не е дека немал од кого да ја наследи страста кон градинарството и љубовта кон цвеќињата и правењето зимници. Неговата прабаба Цана за која тој само слушал, но немал среќа да ја запознае, била голема цвеќарка, а и мајка му Наташа, која за жал, прерано го напуштила овој свет, ја љубела природата, одгледувала цвеќиња и била одличен готвач.
„Татко ми Александар, до ден денес раскажува за нивното заедничко уживање во правењето зимници, за збирањето капинки…Тој со неговата баба, а мојата прабаба Цана, неколку години имале и бавча, а потоа дедо ми Илија насадил расадник и лозје, а заедно со мене, кога имав осум години, ја насадивме мојата прва градина во задниот двор од семејната куќа. Од комшијата Пецо Гулиш зедовме семе од штавеј и коренчиња од нане, од тетка Менка од Пановци која продаваше на пазарот, купивме семе за грав, па коренчиња домати и пиперки….И така тие четириесетина квадрати ги наполнивме со сѐ и сешто. Па потоа…секој ден трчав зад куќа да видам дали расцветал грашокот, дали зацрвенеле доматите, дали пораснал штавејот, дали замирисало нането…“, раскажува Филип потсетувајќи се на корените на она што денес го има како свое мало царство, а тоа е Градината на Филип.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.