fbpx
Вести

Чување и одржување на зеленчукот во свежа состојба во зима

Целта на чувањето на зеленчукот и овошјето е тоа да се користи или консумира во свежа состојба во што подолг временски период.

Подолгото зачувување во свежа состојба на овошјето и зеленчукот овозможува поголема конкурентност на пазарот во текот на целата година и го намалува сезонскиот карактер на производство и продажба.

Затоа е многу важно да се намалат загубите уште во текот на бербата, правилно да се пакува зеленчукот и да се складира во најоптимални услови, така што во текот на чувањето промените врз самиот плод да се сведени на минимум, а со тоа ќе се остварат поголеми добивки.

Поради тоа начинот на чување и одржување на зеленчукот и овошјето е една од многуте важни и приоритетни цели во целокупното производство со цел да се задржи квалитетот и количеството и тоа да се пласира за подолг период до определени дестинации каде што ќе се остварат повисоки цени, што се подразбира кога одреден производ е баран на пазарот, а го нема во доволни количества.

Должината на квалитетот и чувањето на зеленчукот зависат од условите пред почетокот на бербата, во текот на бербата, па сè до сортирањето, пакувањето и самиот процес на чување. Начинот на чување зависи од тоа за каков зеленчук се работи:коренесто-кртолест (морков, цвекло, пашканат, ротквица, компир),луковичест зеленчук (кромид, лук, праз), лиснат зеленчук (марула, спанаќ, карфиол, зелка, брокула), домат, пиперка, краставица, лубеница, боранија, грашок итн.

Порано (а делумно и сега) најчесто се користела класична технологија на чување на зеленчукот и негово одржување и ладење. Многу ретко се користеле или немало можности за одржување во контролирани услови за разладување и одржување. За разлика оттогаш, сега постои голем интерес за изградба и набавка на опрема со која може да се обезбеди контролирана атмосфера за чување и одржување на зеленчукот. Не можеме да не споменеме дека за набавка на таквата опрема сега земјоделците се потпомогнати и од ИПАРД претпристапните фондови кои се реализираат преку одредени мерки од страна на МЗШВ.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close