fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Согласно податоците, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа, што е за 16,32 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 kWh.

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Согласно податоците, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа, што е за 16,32 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 kWh.

„Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32% заштеда во потрошувачката од како ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври“ изјави Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ од 1 јули воведе четири блок тарифи со цел, како што велат, да испратат сигнал за рационално користење на електричната енергија. Првиот блок е до 210 kWh, вториот е од 211-630 kWh, третиот е во опсег од 631-1050 kWh и четвртиот е над 1050 kWhhttps://makfax.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close