fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците во Србија ќе аплицираат за субвенции преку интернет

Од февруари, Е-аграр за српските земјоделци

Земјоделците во Србија од февруари следната година ќе можат да ги регистрираат своите фарми или да аплицираат за субвенции преку интернет – користејќи ја платформата Е-аграр.

Според најавите од Министерството за земјоделство, целта е сите 450.000 регистрирани фарми да преминат на дигитален бизнис менаџмент, но првично тоа нема да биде задолжително.

Ова е можност да се утврди дали и колку земјоделците се подготвени за дигитален бизнис. Наместо на шалтер, регистрацијата и сите промени на имотите ќе може да се проверуваат преку апликацијата.

Исто така, ќе можат да утврдат дали правилно и во рок го поднеле барањето за субвенција, а ќе добиваат и известувања за температурата на почвата, климатските промени и условите за производство, пренесува Политика рс.

Од надлежното министерство очекуваат дека процесот на адаптација најверојатно ќе трае во текот на следната година, а крајната цел е единствена база на податоци што ќе може да се користи. Според анкетата што неодамна ја спроведе „Агропрес“, мислењата за дигиталната писменост кај земјоделците се поделени.

Околу 80 отсто од земјоделците сметаат дека Е-аграр е позитивна промена, нешто помал број земјоделци сметаат дека на овој начин ќе се забрза аплицирањето за субвенции, додека 40 отсто сметаат дека овие измени може да ја отежнат процедурата, особено постарите луѓе.

Мнозинството земјоделци проценуваат дека само една третина од нив се дигитално писмени, а најголемиот број решението го гледаат во обуката и оставањето на можноста и за онлајн и за физичка регистрација.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close