fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Зимата досега беше топла, но може да нѐ погодат поларни температури

Блага зима, сиромашен селанец-германска поговорка

Европа, досега, имаше една од најтоплите зими од кога постојат мерењата. Дури седум европски држави забележаа највисока температура на воздухот за нова година и во јануари.

Добрите страни наблагата зима

Од една страна, тоа е добро затоа што се наоѓаме во енергетска криза поради војната во украина и санкциите кон Русија. Високите температури ги намалија цените на енергентите.

Освен тоа, блага зима е добра затоа што на претседателот на Русија Владимир Путин, му го исфрла единствениот ас во ракавот, односно надежта дека температурите ќе бидат ниски, со што смрзнувањето и скапите енергенти може европските граѓани да ги поттикнат да ги притискаат политичарите што побрзо да ги укинат санкциите кон Русија и да ја намалат поддршката зџа Украина.

Понатаму, со благата зима европските влади во 2023 година добиваат повеќе време и прилики да ускладат стојалишта и да ја намалат зависноста од руски гас пред новата зима.

Конечно, благат зима исто така го чува моралот на Украинците кој Русија се обиде да уништи со напади на нивните енергестки ситеми.

Лошите страни на благата зима

Од друга страна, една германска поговорка вели – блага зима, сиромашен селанец. Едно ново истражување на Пол Грифин, професор на Универзитетот во калифорнија, покажа дека високите зимски температури предизвикуваат раст на цените на храната.

Имено, рекордните температури и недостигот од снег може да резултираат со намален род на посевите поради суша. Снегот е важен за земјоделските површини затоа што полека се топи и прави силен доток на вода.

Понатаму, мразовите би можеле да ги уништат посевите кои почнале да `ртат значајно порано поради високите темератури, осносно лажна пролет.

Исто така, благата зима овозможува преживување на поголем број штетници.

Притоа треба да се има на ум дека земјоделците треба да се борат со недостиг на ѓубриво за што клучен е гасот и дека уште не се опоравиле од сушата од минатото лето. 2-22 година беше рекордно топла во 11 европски држави и втора најтопла во уште четири. Сето тоа влијае на раст на европските цени на храната кои останале на рекордно високо ниво и по намалувањето на вкупната инфлација.

Времето нагло се менува во Европа

Метеоролошките прогнози предвидуваат дека оваа недела на северозападот на Европа температурите треба да паѓа под сезонските норми.

Но, за сега уште нема најави за поларни температури како што забележаа во САД и Канада кон крајот на 2022 година.

Треба да се истакне дека Европа е континент кој во последните три декади се загреваше побрзо од сите останати. Тоа и се очекува затоа што Северниот пол се загрева побрзо од остатокот на светот, а освен тоа, копното, кое доминира на северната полутопка, се загрева побрзо од океаните. Посебно критично жариште на загревањата е Медитеранот. Додека просечната температура во светот порасна во однос на прединдустриската за околу 1,2 степени Целзиусови.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close