fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Битиќи: Веќе не субвенционираме козари без кози и лозари без лозје, парите одат кај вистинските земјоделци

-Се откажавме од козари коишто немаат кози. Но, исто така се извинувам што повеќе нема да субвенционираме лозари што немаат лозје. Сега парите ги насочуваме кон вистинските земјоделци и имаме енормен пораст на земјоделски површини засадени со најразлични производи, кажа вицепремиерот.

Прашан  за моделот на субвенционирање во земјоделството вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во ТВ21 кажа дека од измените на моделот вистинските резултати ќе се видат за две до три години.

-Во 2023 година влеговме со реформи во субвенционирање на земјоделието, но секој еден модел не може да ги даде ефектите за една година, рече Битиќи.

Тој додаде дека моделот воведен пред 13 години сега ги дава последиците.

-Се откажавме од козари коишто немаат кози. Но, исто така се извинувам што повеќе нема да субвенционираме лозари што немаат лозје. Сега парите ги насочуваме кон вистинските земјоделци и имаме енормен пораст на земјоделски површини засадени со најразлични производи, кажа вицепремиерот.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close